Fatjon Cuka
31 Декември 2019•Ажурирај: 31 Декември 2019
ТИРАНА (АА) - Градоначалникот на општина Лушње во Албанија, Фатос Туше, е повреден како резултат на експлозијата која се случи во неговата канцеларија. Постои сомнение дека експлозијата е настаната од фрлена рачна граната, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Генералната полициска дирекција на Албанија, постои сомнение дека сторителот на инцидентот во кој е повредена и секретарката на Општината, е поранешниот возач на градоначалникот, Г. С., кој, според полицијата, откако ја фрлил гранатата избегал веднаш од просториите на општина Љушња.
„Денес во околу 9:00 часот, во канцеларијата на градоначалникот на општина Лушња се случи експлозија за која се сомнева дека е предизвикана од фрлена рачна граната, и како резултат на тоа е повреден градоначалникот Ф. Т. и секретарката на Општината, Е. Ќ., кои се наоѓаат во болница во Лушња, под лекарски надзор“, се вели во полициското соопштение.
Меѓу другото, се вели дека полицијата продолжува со операција за приведување на осомничениот сторител, додека продолжува и истрагата за случајот.
Фатос Туше беше реизбран на чело на оваа општина, која се наоѓа во округот Фиер, на локалните избори кои се одржаа на 30 јуни во 2019 година, како кандидат поддржан од страна на Социјалистичката партија на Албанија.