Fatjon Cuka
21 Август 2022•Ажурирај: 24 Август 2022
Полицијата во Албанија приведе четворица чешки државјани осомничени дека фотографирале во воен објект во округот Берат, на југот на земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според властите, првично во еден од тунелите кај објектот во Поличан со фото-камера биле откриени движења на неидентификувани лица.
„Денеска во надворешните простории на воениот објект во Поличан со фото-камера биле затекнати државјаните П.Б. (38) и М.М.(Г) (34) со чешка националност. Полициските служби во соработка со Воената полиција по добиени информации дека внатре во тунелите на објектот има уште двајца граѓани, веднаш извршиле детална контрола. Внатре во еден од тунелите при извршена контрола биле затекнати уште двајца државјани на Чешка, Т.М. (51) и Р.Б. (42)“, се вели во соопштението од локалната полициски центар во Берат.
Од друга страна, во врска со случајот реагираше и Министерството за одбрана на Албанија, кое преку соопштение потврди дека чешките државјани се приведени од страна на полиција и дека во моментот продолжуваат понатамошните постапки.