Fatjon Cuka
02 Септември 2021•Ажурирај: 02 Септември 2021
ТИРАНА (АА) - Во Албанија пристигнаа уште 37 авганистански државјани, кои по извршените контроли се сместени во подрачјето на Студенти во Тирана, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Авганистанските државјани пристигнаа на Меѓународниот аеродром „Мајка Тереза“ во Тирана, каде што беа пречекани од страна на претставници на различни институции во земјата.
По пристигнувањето, авганистанските државјани поминаа низ одредени процедури за нивно регистрирање.
Според соопштението на Министерството за Европа и надворешни работи на Албанија, Авганистанците пристигнале рано во утринските часови и се сместени во Студенти, а во наредните денови ќе бидат трансферирани во хотели.
Потсетуваме, првиот авион со авганистански државјани пристигна на 27 август во Албанија, а досега вкупно пристигнаа 644 Авганистанци.
Албанија се согласи привремено да смести околу 4.000 Авганистанци додека се обработуваат нивните барања за имиграција во САД.