Ihvan Radoykov
18 Јуни 2020•Ажурирај: 20 Јуни 2020
СОФИЈА
Бугарија е средиште на политичка криза која изби поради скандалот со дронови кои го следеле премиерот на таа земја, Бојко Борисов, јавува Агенција Анадолија (АА).
Локалните медиуми објавија фотографии и тонски снимки од приватниот живот на бугарскиот премиер Борисов, а тој за тоа директно го обвини бугарскиот претседател Румен Радев.
„Претседателот Радев ги надмина сите граници. Сакам отворено да кажам дека Радев користи дронови и дека ме снима. Штом им кажам на телохранителите да го срушат дронот, тие му јавуваат на Радев и тој го повлекува“, изјави Борисов.
Од друга страна, претседателот Радев призна дека лично претходно поседувал дрон, но негира дека го следел премиерот Борисов кој престојува во соседната резиденција.
Радев тврди дека обвиненијата на Борисов се плод на неговата параноја.
Радев е лидер на опозициската Бугарска социјалистичка партија (BSP), кој победи на претседателските избори во Бугарија, а од доаѓањето на таа функција е во вербални судири со премиерот Борисов. Радев претходно соопшти дека со Владата ќе комуницира само преку службени преписки.