Fatjon Cuka
30 Август 2021•Ажурирај: 31 Август 2021
ТИРАНА (АА) - Два авиони со 150 лица евакуирани од Авганистан и за транзит кон Соединетите Американски Држави (САД) пристигнаа рано утрово на аеродромот во главниот град на Албанија, Тирана, јавува Агенција Анадолија (АА).
Државјаните на Авганистан пристигнаа на Меѓународниот аеродром „Мајка Тереза“, а по процедурите за регистрација, сместени се во Тирана и Драч.
Според соопштението на албанското Министерство за европски и надворешни работи, 103 Авганистанци кои пристигнале со последните летови се сместени во Студентскиот град во Тирана, а 47 други во хотел во Драч.
Првиот авион со авганистански државјани пристигна во Албанија на 27 август, а досега во земјата пристигнаа 607 лица, меѓу кои има граѓански активисти, едукатори, вработени во институциите и новинари.
Албанија се согласи привремено да смести околу 4.000 Авганистанци додека се обработуваат нивните барања за имиграција во САД.
Тие дојдоа во Тирана откако американската Влада побара од Албанија да биде транзитна земја за голем број авганистански политички имигранти, чие крајно одредиште се САД.