Senita Sehercehajic
01 Септември 2020•Ажурирај: 02 Септември 2020
САРАЕВО (АА) - Според податоците на Министерството за цивилни работи на Босна и Херцеговина (БиХ) ажурирани денес, во БиХ досега потврдени се 20.234 случаи на коронавирусот, јавува Агенција Анадолија (AA).
Од тој број, во ентитетот Република Српска потврдени се 7.464 случаи, 12.484 во ентитетот Федерација БиХ и 286 случаи во дистриктот Брчко.
Во БиХ досега од последици предизвикани од Ковид-19 починаа 620 лица, од кои 251 лице во Република Српска, 351 во Федерацијата БиХ и 18 во дистиктот Брчко.
Излекувани од вирусот се 13.435 лица од кои 4.403 во Република Српска, 8.798 во Федерацијата БиХ и 234 пациенти во дистриктот Брчко.
Во БиХ досега за Ковид-19 тестирани се вкупно 188.733 лица.
Од Министерството за цивилни работи на БиХ соопштија дека инциденцата на заболување на 100.000 жители е 180,61.