Vesna Besic
08 Октомври 2020•Ажурирај: 12 Октомври 2020
САРАЕВО
Во Босна и Херцеговина во изминатите 24 часа детектирани се 453 нови случаи на заразување со Ковид-19, покажуваат податоците објавени од страна на ентитетските заводи за јавно здравство и дистриктот Брчко, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во изминатите 24 часа во Заводот за јавно здравје на Федерацијата БиХ пријавени се 1.604 примероци, од кои 296 биле позитивни на Ковид-19.
Нови случаи на заразување со новиот тип коронавирус се детектирани во сите кантони на Федерацијата БиХ. Досега се спроведени вкупни 167.509 сомнителни примероци, од кои 19.205 биле позитивни на Ковид-19.
Заклучно со денешниот ден, во Федерцијата БиХ оздравеле 15.924 пациенти, а во изминатите 24 часа оздравеле 263 пациенти. Во моментов активни се 2.702 случаи на заразување со коронавирусот.
Во последното деноноќие во Заводот за јавно здравство на Федерацијата БиХ пријавени се 5 смртни случаи предизвикани од заразување со Ковид-19.
Досега од последици предизвикани од заразување со Ковид-19 во БиХ животот го загубија 574 лица, од кои 381 маж и 193 жени.
Во последните 24 часа, во Република Српска спроведено е тестирање на 633 примероци сомнителни на коронавирусот, од кои 155 биле позитивни.
Досега во РС се потврдени 10.003 случаи на заразување со коронавирусот, а животот го загубија вкупно 318 лица кај кои претходно бил потврден Ковид-19.
Досега оздравеа 6.732 лица, а тестирани се вкупно 83.689 примероци сомнителни на коронавирусот.
Во РС хоспитализирани се 183 лица.
Денеска во дистриктот Брчко регистрирани се 2 нови случаи на заразување со Ковид-19, маж на 35-годишна возраст и жена на 27-годишна возраст.