Furkan Abdula
21 Мај 2023•Ажурирај: 22 Мај 2023
СКОПЈЕ (АА) - Заврши процесот на предвремено гласање од 2. круг на претседателските избори за турските државјани што престојуваат или работат во Северна Македонија, јавува Анадолу.
Вториот круг од претседателските избори во Туркије ќе се одржат на 28 мај.
Турските државјани со право на глас од 20 мај до денес, 21 мај, од 8:00 до 22:00 часот гласаа во Амбасадата на Туркије во Скопје.
Според податоците на Врховната изборна комисија на Туркије (ЈСК), во Северна Македонија се запишани 4.107 гласачи.