Zülfiya Yakup
22 Мај 2019•Ажурирај: 23 Мај 2019
ПРИШТИНА (AA) – Заменик-министерката за култура, млади и спорт на Косово (МКОС), Леонора Морина-Буњаку, денес се состана со Тиери Фавреа, шефот на Одделот за национални сојузи на УЕФА, кој престојува во посета на Косово, како и со претседателот на Фудбалскиот сојуз на Косово, Агим Адеми, и со генералниот секретар Ерол Салиху, пренесува Anadolu Agency (AA).
Тема на состанокот беше дискусија за досегашните проекти и проектите што во иднина го очекуваат Фудбалскиот сојуз на Косово (ФСК). Заменик-министерката Морина-Буњаку во таа пригода изјави дека Владата на Косово и Министерството за култура, млади и спорт ќе бидат спремни да соработуваат со УЕФА во врска со изградбата на националниот стадион, како и на 6 помошни фудбалски терени.
Таа го извести претставникот на УЕФА дека во координација со ФСК инвестира во капитални проекти и директно го поддржува фудбалот на редовна годишна основа.
„Во името на Министерството за култура, млади и спорт ветив соработка и создавање инфраструктура со европските стандарди, а талентот и достигнувањата во фудбалот на Република Косово не недостасуваат“, рече Морина-Буњаку, пренесува МКОС.
Истовремено, Тиери Фавре рече дека откако Косово е примено во УЕФА и ФСК се ангажира во унапредувањето на фудбалот, останува Косово да се фокусира на вложување во инфраструктурата и на издвојување нови таленти.