Andelija Stojkovic
18 Декември 2018•Ажурирај: 18 Декември 2018
БЕЛГРАД (AA) - Претседателот на Србија Александар Вучиќ вечерва на седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН) за ситуацијата во Косово, ги повика ОН во иднина повеќе да се вклучат, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ги повикуваме ОН да преземат поголема улога во иднина. Немаме ништо против ЕУ, под чие покровителство се одвива дијалогот на Белград и Приштина. Мораме да видиме некои мерки на Приштина. Мора да се повлечат тие ужасни тарифи. Ќе најдеме начин да ги заштитиме нашите луѓе", рече Вучиќ и додаде дека Србија е секогаш спремна за дијалог.
Вучиќ рече дека се во ОН и дека некој мора да ги запре „тие луѓе" (Приштина) бидејќи, мерките кои неодамна ги вовеле, „се нешто што не е примерно во 21 век".
Тој рече дека доколку тој би се прашувал, ако Србија мора да ја признае независноста на Косово и да ги признае границите кои Приштина ги гледа, за што тогаш да се преговара.
Вучиќ се заблагодати за тоа што седницата на СБОН е закажана во краток рок и додаде дека тоа е важна и исправна одлука, заради, како што рече, „исклучително тешката ситуација на теренот" и додаде дека Србија се соочува со се поголеми тешкотии на подрачјето на Косово.
„Многу сум загрижен за иднината, не само за мојот народ и Србија, туку за целиот регион", рече Вучиќ.
Претседателот на Србија рече дека во Резолуцијата 1244 на СБОН јасно стои дека сите вооружени албански сили во Косово мора да се демитализираат, дека единствени сили можат да бидат меѓународните безбедносни сили и дека косовските безбедносни структури на северот на Косово не смеат да влезат без дозвола на НАТО и локалното српско население, а дека Приштина тоа повеќе пати го прекршила.
„Моето отворено прашање - од кој документ Приштина го црпи сувереното право да формира своја војска? Каде тоа го пишува? Тоа никаде не го пишува. Ни во нивниот Устав кој ние не го признаваме", рече Вучиќ.
Тој рече дека Србија вложија големи напори за да го сочува мирот на Западен Балкан и дека се возджувала од реагирање на разни видови провокации на Приштина и дека поради тоа не ги прифаќа соопштенијата и изјавите во кои се повикуваат двете страни да направат нешто или да не направат.
Претседателот на Србија рече дека Косово има најмал број повратници и дека таа бројка изнесува 1,5 отсто.
Вучиќ рече дека Србија ги исполнила сите обврски од Бриселскиот договор од 2013 година, а дека Приштина имала една единствена обврска - да формира Заедница на српски општини, што веќе 2.070 дена тоа не го направила.
Тој додаде дека ја молел Приштина и луѓето од ЕУ, под чие покровителство се водат преговори, да не создаваат тешка ситуација, но дека Приштина аплицирала за членство во меѓународни организации.
На крајот, Вучиќ на српски јазик им се обрати и на Србите во Косово порачувајќи дека е благодарен на се што издржале и дека Србија секогаш е со нив.