Zlatan Kapiç
01 Април 2019•Ажурирај: 02 Април 2019
БЕЛГРАД (АА) - Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва му честита на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за победата на неговата партија во повеќето турски градови на локалните избори, соопштено е од Кабинетот на српскиот претседател, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Вучиќ во телефонски разговор изјави дека се радува за продолжувањето на соработката со Ердоган, бидејќи Србија придава големо значење на вистинското пријателство со Турција и е посветена кон добри и цврсти билатерални односи“, се наведува во соопштението.
Како што се наведува, Вучиќ изјави дека Србија останува доверлив партнер на Турција, за двете земји со меѓусебно разбирање и почитување и понатаму да ги развиваат политичките односи и да шират економска и секаква друга соработка.
Српскиот претседател изјави и дека се радува на скорешната посета на Ердоган, кога заедно ќе ја одбележат 140. годишнина од воспоставувањето на дипломатските односи на Србија и Турција и ќе разговараат за конкретни проекти.