Qays Abu Samra,Hacer Başer
13 Јуни 2018•Ажурирај: 13 Јуни 2018
РАМАЛА (АА) - Израелските војници ранија осум палестинци за време на рација во бегалскиот камп „Ел Амари“ кој се наоѓа во Западниот Брег, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од очевидците, израелските војници во утринските часови извршиле рација во некои куќи во бегалскиот камп „Ел Амари“ , а потоа интервенирале со солзавец, гумени и вистински куршуми против Палестинците кои регирале против ова.
Во соопштението на палестинската Црвена полумесечина се вели дека за време на интервенцијата на израелските војници, 3 лица се повредени со вистински куршуми, едно лице е повредено со парче од вистински куршум, додека 3 лица се повредени со гумени куршуми.
Според ова соопштение, една Палестинка била погодена со солзавец, која потоа била пренесена во Палестинскиот здравствен центар.