Bojana Stojanovic
13 Јуни 2018•Ажурирај: 14 Јуни 2018
БЕЛГРАД (АА) - Севкупната соработка на Србија и Унгарија континуирано се унапредува, но остварувањето на енергетската стабилност и подобрите инфраструктурни врски се од приоритет во претстојниот период, се согласија денес министрите за надворешни работи на Србија и Унгарија, Ивица Дачиќ и Петер Сијарто во Белград, пренесува Anadolu Agency (AA).
Како што соопшти Министерството за надворешни работи на Србија, министерот Сијарто учествува на трилатералниот состанок на Србија, Унгарија и Бугарија од областа на енергетиката.
На средбата на двајцата министри за надворешни работи потврдено е високото ниво на билатералните односи на Србија и Унгарија.
Заеднички е оценето дека севкупната соработка на двете земји континуирано се унапредува, како и дека остварувањето на енергетската стабилност и подобрите инфраструктурни врски се некои од приоритетите во претстојниот период.
Министерот Сијарто изрази задоволство поради статусот кој унгарското национално малцинство го има во Србија.
Двајцата министри разменија мислење за актуелните регионални и меѓународни теми, со посебен осврт на ефектите кои миграциските текови можат да ги имаат на регионот.
По состанокот, министерот Дачиќ на својот унгарски колега му подари фудбалски дрес на националниот тим на Србија.
Министерот Сијарто се заблагодари за подарокот и истакна дека ќе навива за репрезентацијата на Србија на претстојното Светско првенство во Русија.