Furkan Abdula
10 Јануари 2022•Ажурирај: 10 Јануари 2022
СКОПЈЕ (АА) – Земјотрес со јачина од 5.5 степени го погоди градот Лерин кој се наоѓа во северниот дел на Грција, додека земјотресот бил почувствуван и во повеќе градови во Северна Македонија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет страницата „Emsc-csem.org“, епицентарот на земјотресот бил на далечина од 4 километри од Лерин, и се случил во 22:43 часот.
Лерин се наоѓа на 15 километри од македонската граница, додека земјотресот е почувствуван во повеќе градови во Северна Македонија.
Според локалните медиуми во Северна Македонија, земјотресот во Грција предизвикал паника кај жителите во Битола кои по земјотресот излегле од своите домови.
По главниот земјотресот, во период од околу еден час се случија и неколку последователни потреси со јачина од 3.1 до 4.2 степени.
Покрај во Северна Македонија, земјотресот бил почувствуван и во другите земјите во регионот, пред се во Албанија.