Agim Sulaj
09 Јануари 2022•Ажурирај: 10 Јануари 2022
Во Косово во изминатото деноноќие регистрирани се 304 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на пандемијата во земјата достигна 162.677, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Косово.
Во изминатите 24 часа не се регистрирани починати лица. Вкупниот број смртни случаи во земјата останува иста, односно 2.991.
Во последните 24 часа се направени 10.042 тестирањa за Ковид-19, а од почетокот на епидемијата во Косово реализирани се вкупно 1.428.096 тестирања.
Од коронавирусот во Косово оздравеа вкупно 158.134 лица. Во моментов во земјата има 1.552 активни случаи.
Во Косово досега се аплицирани 1.692.762 дози од вакцините против Ковид-19.