Mustafa Deveci
16 Септември 2020•Ажурирај: 16 Септември 2020
ЕРУСАЛИМ (АА) - Во Израел во текот на изминатите 24 часа вирусот Ковид-19 е потврден кај 5.523 лица, со што вкупниот број на заразени се зголемил на 166.794, јавува Агенција Анадолија (АА).
Израелското Министерство за здравство соопшти дека станува збор за најголем број на заразени од 21 февруари, кога е забележан првиот случај на Ковид-19 во таа земја.
Во соопштението се наведува дека во изминатиот ден како последица на вирусот починале шест лица и дека вкупниот број на починати достигнал 1.147.
Се истакнува дека 535 заразени се наоѓаат во критична состојба, а излекувани се 122.785 лица кај кои претходно е дијагностициран Ковид-19.
Бројот на активни случаи во Израел во мај месец падна на 2.000, додека со наглиот пораст бројот на заразени за време на вториот бран достигна 42.862.
Израелската Влада одобри сеопфатен карантин од три недели, почнувајќи од 18 септември, со цел сузбивање на ширењето на вирусот.