Agim Sulaj
19 Јануари 2023•Ажурирај: 21 Јануари 2023
ПРИШТИНА (АА) - Некои општини во Косово од претпладневните часови по неодамнешните дождови се соочуваат со поплави, додека општина Скендерај веќе прогласи вонредна состојба, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Градоначалникот на општина Скендерај, Фадил Нура, истакна дека како резултат на континуираните врнежи состојбата е влошена и дека затоа е одлучено да се прогласи вонредна состојба на целата територија на општината и да се формира Ургентен штаб кој веќе работи на терен.
Според него, од утринските часови сите служби, со поддршка и на противпожарната служба, работат ситуацијата да биде под контрола.
Некои од другите општини кои се соочуваат со поплави во Косово се Вучитрн, Клина, Дечани, како и регионот на Пеќ и Призрен.
Хидрометеоролошкиот институт на Косово соопшти дека како резултат на врнежите во последните неколку дена, особено во западните, северозападните и северните делови на Косово, некои реки се прелеале, предизвикувајќи проблеми со свлечишта, блокирање на канализации и потешкотии во движењето.