Mehmet Hatipoğlu
02 Октомври 2018•Ажурирај: 02 Октомври 2018
АТИНА (АА) - Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас, истакна дека и покрај малата излезност на консултативниот референдум во Македонија за признавањето на Договорот постигнат меѓу Македонија и Грција, постигнатиот резултатат е на задоволително ниво, пренесува Anadolu Agency (AA).
Коѕијас на телевизиска програма на Грчката државна телевизија (ERT) говореше околу консултативниот референдум кој се одржа во неделата во Македонија.
Тој потсети дека на референдумот имаше ниска излезност, но, според него, ако се анализира добро, излезноста е на задоволително ниво. „Според вистината во Македонија, Заев се смета дека доби над 50 отсто гласови“, додаде тој.
„Излезноста на референдумот на прв поглед може да се смета за ниска според оние што не ја знаат политиката на Балканот и вистината во Македонија. Ова е логично, но доколку се гледа колку гласови изнесува стапката 38 отсто, и колку гласови имало на претходните избори, и доколку се изврши точна анализа, може да се види дека не е толку ниска. Заев доби најмногу гласови што може да се добијат на референдум“, рече шефот на грчката дипломатија.
Грчкиот министер нагласи дека избирачкиот список веќе долго време не е обновен, и дека најмалку 400.000 граѓани на Македонија живеат во други земји. „Во оваа земја реално се наоѓаат 1.200.000 гласaчи. Во овој случај, Заев се смета дека добил над 50 отсто гласови. И тоа претставува мнозинство“, додаде Коѕијас.
Тој тврди дека претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов, кој е против промена на името на земјата, е избран за претседател со помалку гласови „за“ во споредба со гласовите „за“ добиени на овој референдум.
„Иванов е избран за претседател на државата со 520.000 гласа, додека на референдумот има 530.000 гласа“, нагласи Коѕијас.
Според него, резултатот на референдумот нема да биде лесно прифатен во Собранието на Македонија, а тврди дека во случај да се оди на предвремени избори, Заев повторно ќе победи.
Шефот на грчката дипломатија рече дека во секој случај, резултатот на референдумот нема да влијае врз спроведувањето на Договорот постигнат со Грција за решавање на спорот за името. „Референдумот е избор на Владата во Скопје, вклучен е и во Преспанскиот договор, но не претставува предуслов за спроведување на Договорот“, додаде тој,
Тој нагласи дека во случај во Македонија сè да се реализира според предвиденото во Договорот со Грција, овој договор до март наредната година ќе биде поднесен до грчкиот Парламент. Според него, Владата на Атина планира да го ратификува овој договор во сегашниот Парламент.