СКОПЈЕ / ТИРАНА / ПРИШТИНА
Вакцинацијата против новиот вид коронавирус (Ковид-19), другите варијанти на коронавирусот ширум светот, вклучувајќи го и регионот, ја одбележаа оваа година, јавува Агенција Анадолија (АА).
Покрај пандемијата, во Албанија се одржаа парламентарни избори, додека во Северна Македонија и Косово се одржаа локални избори. Во регионот се случија и различни трагедии, како пожарот во модуларната болница во Тетово каде загинаа 13 лица, и автобусот со регистарски таблици од Северна Македонија кој се запали западно од бугарскиот главен град Софија, каде загинаа 45 лица, меѓу кои и 12 деца.
- 2 јануари - Дипломатка од македонската мисија во Обединетите нации (ОН) била пронајдена мртва во нејзиниот стан во Менхетн во Њујорк.
- 21 јануари - Собранието на Република Северна Македонија го изгласа Предлог-законот за попис на населението, домаќинствата и становите во земјата, со што се овозможи во Северна Македонија да се спроведе попис по 19 години.
- 17 февруари - Во Северна Македонија, во модуларната болница на Клиниката за инфективни болести започна процесот на вакцинација, со кој беа опфатени 260 медицински лица.
- 26 февруари - Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, осуден е на казна затвор од 12 години, а поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, осудена е на 4 години затвор, со пресудата на Основниот кривичен суд - Скопје во случајот „Таргет-тврдина“.
- 26 февруари - На протестите одржани во Скопје против судската одлука за случајот „Монструм“, во чии рамки беа изречени три казни доживотен затвор за кривично дело „тероризам“, ситуацијата стана тензична, откако демонстрантите неколку пати се судрија со полициските сили кои не им дозволија да го продолжат маршот кон владината зграда.
- 5 април - Во Северна Македонија започна масовната имунизација на населението против коронавирусот (Ковид-19).
- 29 јули - На иницијатива на премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и премиерот на Албанија, Еди Рама, а со поддршка на стопанските комори на трите земји, во Скопје се одржа Економски форум за регионална соработка во чии рамки иницијативата наречена „Mини Шенген“ за соработка меѓу земјите од Западен Балкан беше официјално именувана како „Отворен Балкан“.
- 2 август – Шумски пожари ја зафатија планината над градот Кочани, по што зафатија неколку куќи од првата линија на долниот дел на планината, а утрешниот ден властите соопштија дека пожарот е ставен под контрола.
- 5 септември - Во Северна Македонија започна пописот на населението, домаќинствата и становите, што траеше до 30 септември, во чии рамки беа попишани 1.832.696 граѓани, 568.175 домаќинства и 837.255 станови, со исклучок на 204.805 граѓани кои се самопопишаа во дијаспората.
- 9 септември – Пожар ја зафати модуларната болница во Тетово, каде што се лекуваа пациенти заразени со новиот вид коронавирус (Ковид-19). Во оваа трагедија загинаа 14 лица, додека десетици лица беа повредени.
- 17 октомври – Во Северна Македонија се одржа првиот круг од седмите локални избори во 80 општини во земјата и Град Скопје, додека вториот круг се одржа на 31 октомври.
- 11 ноември – Опозицијата во Собранието на Северна Македонија требаше да гласа за иницијативата на опозицијата за недоверба на Владата, но гласањето беше неуспешно поради тоа што немаше доволен кворум, односно немаше присутни 61 од вкупно 120 пратеници.
- 12 ноември – Движењето БЕСА, што беше дел од владината коалиција во Северна Македонија, објави дека оставка даваат министрите, заменик-министрите и директорите на институциите во земјата, поради наводи за „нарушување на демократијата“ на последните локални избори во земјата.
- 23 ноември – Патнички автобус со регистерски таблички од Северна Македонија, што се враќал од Истанбул кон Скопје, се запали западно од бугарскиот главен град Софија, при што загинаа 45 лица, вклучувајќи и 12 деца, а седум лица беа повредени.
- 23 декември - Собранието на Северна Македонија ја констатира оставката на премиерот Зоран Заев, што тој ја најави по неповолните резултати од локалните избори одржани во октомври.
- 11 јануари - Албанија официјално ја започна кампањата за вакцинација против новиот вид коронавирус (Ковид-19).
- 21 април – Инаугурирана Болницата на пријателство Турција-Албанија во албанскиот град Фиер изградена од страна на Турција.
- 25 април – Одржани парламентарни избори во Албанија, каде Социјалистичката партија (ПС) под водство на премиерот Еди Рама освои трет мандат за формирање на Владата.
- 26 април – Започна воената вежба „Defender Europe 21“ што се одвиваше неколку недели на територијата на Албанија и другите земји од регионот со учество на силите од седум земји од Балканот и пошироко.
- 9 јуни – Парламентот на Албанија гласаше за разрешување на претседателот на државата, Илир Мета, по барање на Социјалистичката партија на Албанија, која иницираше барање за разрешување на Мета со образложение дека пред и за време на изборната кампања за парламентарните избори на 25 април „извршил дејствија во спротивност со Уставот“.
- 10 јуни - Во албанскиот главен град Тирана се одржа Самитот на лидерите на земјите од Западен Балкан, во чиј фокус беа економијата и регионалната соработка. На овој самит учествуваа еврокомесарот за соседска политика и проширување на Европската Унија (ЕУ), Оливер Вархеји; премиерот на Албанија, Еди Рама; премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев; премиерот на Косово, Албин Курти; претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ; премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, и претседавачот на Советот на министри на БиХ, Зоран Тегелтија.
- 27 август - Во Албанија пристигна првата група Авганистанци што беа евакуирани од Авганистан, а потоа во текот на следните неколку недели пристигнаа стотици авганистански граѓани, меѓу кои имаше и деца.
- 10 септември – Линдита Никола, пратеничка од редовите на Социјалистичката партија на Албанија, беше избрана за нова претседателка на Парламентот на Албанија, по гласањето на пратениците на новата конститутивна седница.
- 14 септември – Тогашната германска канцеларка, Ангела Меркел, оствари посета на Албанија, каде што беше пречекана со државна церемонија од страна на премиерот Еди Рама. Меркел во рамки на посетата на Албанија се состана и со лидерите на земјите од Балканот.
- 18 септември – Новата Влада на Албанија, на чело со премиерот Еди Рама, положи заклетва.
- 15 октомври – Во хотел во албанскиот град Каваја беа пронајдени безживотните тела на четворица руски државјани.
- 26 ноември – Во албанскиот град Елбасан се одржа заедничка седница на Владата на Албанија и Владата на Косово.
- 21 декември - Во Тирана, главниот град на Албанија, се одржаа средби кои претставуваа продолжение на иницијативата „Отворен Балкан“, со учество на премиерот на Албанија, Еди Рама, премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев, и претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
- 1 февруари – Косово и Израел го потпишаа договорот за воспоставување дипломатски односи, со што Израел официјално ја призна независноста на Косово.
- 14 февруари – Во Косово се одржаа предвремени парламентарни избори, од кои како прва партија излезе Движењето „Самоопределување“.
- 29 март – Премиерот на Косово, Албин Курти, стана првиот косовски граѓанин кој ја прими вакцината против Ковид-19.
- 4 април – Вјоса Османи беше избрана за претседателка на Косово од страна на пратениците во Парламентот на Косово.
- 11 јуни – Десетици студенти при Студентскиот совет на Универзитетот „Хасан Приштина“ во Приштина протестираа против литургијата одржана од страна на свештениците на Српската православна црква во недовршениот објект на црквата што се наоѓа во градината на универзитетскиот кампус во Приштина.
- 1 јули – Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, оствари посета на Косово.
- 7 јули - Членовите на Собранието на Косово ја усвоија Резолуцијата со која се осудува геноцидот во Сребреница во 1995 година. За Резолуцијата гласаа 89 пратеници, без гласови против, но во отсуство на српските пратеници.
- 13 јули - Градоначалникот на косовската Општина Дечане, Башким Рамосај, прогласи вонредна состојба во општината поради наводите дека голем број граѓани добиле труење од нечиста вода за пиење. Околу 1.500 граѓани побарале помош во здравствените центри.
- 18 јули – Отворен граничниот премин Рестелица-Стразимир меѓу Косово и Северна Македонија.
- 24 јули - Косово го освои првиот медал на Олимписките игри Токио 2020, откако џудистката Дистриа Красниќи во финалето ја совлада Јапонката Фуна Тонаки.
- 25 јули – Десетици граѓани на Косово загинаа, додека над 30 беа повредени во автобуската несреќа што се случи во Хрватска со автобус што патувал од Германија кон Косово.
- 20 септември - На сите гранични премини почна издавањето привремени регистерски таблички за сите возила со регистерски таблички на Србија што влегуваат на територијата на Косово и беа одземани табличките што повеќе не се валидни.
- 27 септември – Премиерот на Албанија, Еди Рама, оствари посета на Косово.
- 17 октомври – Во Косово се одржа првиот круг од локалните избори, а вториот круг се одржа на 14 ноември.
- 27 октомври - Владата на Косово ги усвои нацрт-одлуките на Министерството за надворешни работи и дијаспора за спроведување санкции во согласност со Резолуцијата 1373 од Советот на безбедност на Обединетите нации (ОН) против седум лица и компанијата „АИДар пропертис“, поврзани со терористичката организација Хезболах.
- 20 декември – Косово го потпиша со Данска договорот за давање под наем на затворот во земјата со капацитет од 300 ќелии. Договорот се очекува да се примени во 2023 година и да трае 10 години, а Косово се очекува да добие 210 милиони евра.
news_share_descriptionsubscription_contact
