Orhan Onur Gemici
29 Ноември 2019•Ажурирај: 01 Декември 2019
ДРАЧ (АА) - ОРХАН ОНУР ГЕМИЏИ -
Скопјанецот Артан Демири, заедно со членовите на групата „Пожарникари волонтери“, замина во спасувачка мисија во Албанија која беше погодена од разорен земјотрес, пишува Агенција Анадолија (АА).
Демири, 40-годишен скопјанец кој 23 години се занимава со продажба на автомобили, со желба да им укаже помош на луѓето кои се во тешка ситуација, пред 10 години одлучува да формира група за гаснење пожари.

По добиената поддршка од пријателите, Демири ја формираше групата „Пожарникари волонтери“.
Групата која во почетоците броеше мал број членови, со тек на времето достигна до бројка од 380 члена.
- За 18.000 швајцарски франци купија противпожарно возило -
Пожарникарите волонтери, до пред една година, при пожари, земјотреси и свлечишта, на местото на несреќата заминуваа со сопствени возила.
Групата, која се измачувала со противпожарникарската должност изведувана на овој начин, од Швајцарија купила камион за 18.000 швајцарски франци и го претворила во противпожарно возило.
Во последната година пожарникарите волонтери интервенирале на пет пожари, а не го заборавија ниту албанскиот народ погоден од земјотресот со интензитет од 6,3 степени.
Демири и неговите пријатели, кои на предниот дел на противпожарното возило на четири јазици имаат напишано „Пожарникари волонтери“, им излегуваат во пресрет на оние на кои им е потребна помош, независно дали станува збор за луѓето во Северна Македонија или за некоја друга земја.
- „Сметам дека е треба да се помага“ -
Демири, задно со уште четворица волонтери, негови пријатели, во Драч учествува во спасувачките операции за извлекување на преживеаните под урнатините на еден хотел срушен од силниот земјотрес. Скопјанецот Демири за АА изјави дека штом слушнал за земјотресот, со своите пријатели донел одлука да заминат во Албанија.
Раскажа дека учествуваат во спасувачките операции и од противпожарното возило фрлаат млазеви вода при собирањето на остатоците од урнатините. „Тука во спасувачка мисија од Анкара пристигнаа екипите на АФАД. Заеднички работиме во спасувањето“, додава Демири.
Во врска со проектот „Пожарникари волонтери“, Демири изјави „Тоа го правиме во име на Господ. Сметам дека треба да се помага.“
Демири истакна дека противпожарните активности ги спроведуваат во рамки на скопската општина Чаир, додавајќи дека меѓу 380 членови на противпожарната група, само 20 се пожарникари по професија.