Zylfije Adem Jakupi
04 Септември 2020•Ажурирај: 04 Септември 2020
ПРИШТИНА
Премиерот на Косово, Авдулах Хоти, по состанокот со српската страна во Вашингтон изјави дека е направен голем чекор кон заклучување на конечен договор со Србија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Хоти изјави дека на состанокот одржан во присуство на советниците за национална безбедност, американскиот претседател Роберт O ’Брајан, амбасадорот Ричард Гренел и тимот од различни американски институции, дијалогот бил фокусиран на економски теми.
„Имавме состанок со српскиот претседател и советникот O ’Брајан. Утре очекуваме да ја завршиме сета оваа посветеност која ја имавме толку долго и дискусиите кои ги водевме денес претпладне и попладне“, наведе синоќа Хоти, додавајќи дека подетални информации ќе бидат дадени денеска.
Како што е соопштено од Владата на Косово, Хоти изнесе уверување дека штетните договори за Косово се неприфатливи за Косово, дека никогаш не дошле и нема да дојдат од Белата куќа. Исто така, Хоти изјави дека е постигнат голем напредок во унапредување на економската соработка и дека се чекор поблиску до склучување на договор.
Запрашан дали од Србија е побарано признание, премиерот Хоти изјави дека сето она што се разговара со Србија е со цел заемно признавање. Хоти изјави и дека прашањето за размена на територии никогаш не било поставено и дека нема да биде дозволено да се постави.