Furkan Abdula
25 Мај 2019•Ажурирај: 25 Мај 2019
СКОПЈЕ (АА) – Претседателот на Големото народно собрание на Турција (ТБММ), Мустафа Шентоп, во рамки на денешната посета на Северна Македонија, пристигна на Меѓународниот аеродром во Скопје, јавува Anadolu Agency (AA).
Шентоп и неговата делегација беа пречекани од страна на потпретседателот на Собранието на Северна Македонија Весел Мемеди, амбасадорката на Турција во Скопје, Тулин Еркал Кара, како и претставници на турските организации и институции во земјата.
Според најавеното, Шентоп во текот на денот ќе оствари средба со претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски.
Тој, исто така ќе се обрати на конференцијата организирана од Меѓународниот балкански универзитет (ИБУ), на тема „Визијата на глобалниот мир во новиот милениум“.
Шентоп вечер ќе учествува на ифтарската вечера организирана под покровителство на Амбасадата на Турција во Скопје и во соработка на ИБУ, Сојузот на турските невладини организации во Македонија (МАТУСИТЕБ) и Општина Халилије од Турција.
Претседателот на ТБММ утре ќе допатува во официјална посета на Босна и Херцеговина.