СКОПЈЕ (АА) - Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ), Мустафа Шентоп, заедно со својата делегација го посети Меѓународниот балкански универзитет (МБУ) како дел од неговите средби во Северна Македонија, известува Агенција Анадолија (АА).
Шентоп а време на посетата на МБУ се сретна со претставници на универзитетот и одговараше на прашањата на новинарите пред ифтарот што е организиран на универзитетот.
Шентоп потсети дека иако во периодот на епидемијата дошло до нарушувања на програмата, сепак, во минатото учествувале на ифтарите организирани во земјите од регионот.
Давајќи оценка за посетата на Босна и Херцеговина, Шентоп го рече:
„Имавме средби во Сараево, со претставници од двата дома на парламентот и со членовите на претседателскиот совет. Доцна во ноќта се сретнав и со Џаферовиќ, актуелниот претседавач со Претседателскиот совет. Покрај тоа, присуствувавме на ифтари во Ливно и во Травник. Бевме на ифтар во Ливно. И претходно бевме присустни на ифтар во близина на границата на Босна и Херцеговина со Хрватска. Имаше покана за ифрат во регионот каде што Бошњаците се малцинство, затоа бевме таму. Во Травник се сретнавме со семејствата на жртвите на геноцидот од првата половина на 90-тите“.
Зборувајќи за контактите во Северна Македонија, Шентоп рече: „Пристигнавме доцна синоќа. Првата средба беше со почитуваниот Премиер, со кој разговаравме за многу прашања. Тоа беше убава конструктивна средба. Вечерва ќе присуствуваме на ифтар организиран од нашиот Меѓународен балкански универзитет. Покрај тоа, тука имаме голем број пријатели меѓу претставниците и менаџерите на невладините организации и имавме можност да се сретнеме и со нив“.
Посочувајќи дека светата Ноќ Кадр (Лејлетул Кадр - 27. ноќ од месецот Рамазан, ноќ во која започнало објавувањето на Куранот) ќе ја дочека во Скопје, Шентоп рече дека она што го прави посебен месецот Рамазан, е тоа што во тој месец започнало објавувањето на Куранот.
Осврнувајќи се на говорот што го одржа во Травник, Шентоп рече:
„Сите предмети што ги користиме, куќите во кои живееме, зградите, автомобилите во кои се возиме имаат потреба од чистење и одржување. Особено се прават неколку месечни и годишни сервисирања и чистења на автомобилите. И човечката душа и светот стануваат правливи, имаат застарени и истрошени делови и затоа, во нашата религија се направени подготовки за одржување и поправка на човечкиот дух и тело. Таква грижа е секојдневниот намаз (молитва), која се извршува 5 пати на ден, неделна грижа преку петочната молитва, едно-годишната грижа преку рамазанската и курбанската молитва и грижата што се однесува на животот - аџилакот“.
Зборувајќи за духовниот аспект на месецот Рамазан, Шентоп продолжи со зборовите:
„Затоа, Рамазан е месец на грижа за духовноста, а од метафизички аспект, е празничен месец, месец на благодат. Во тој поглед, покојниот Сезаи Каракоч го опишува месецот Рамазан како ‘празник на Млечниот Пат’. Се разбира, ова е објаснето и физички. Во последно време, можете да забележите дека голем број лекари во плановите за исхрана, во диетите неделно воведуваат дводневни пости, или на дневна основа, јадење на 8 часа и на 16 часа, при што нашиот пост го сметаат како духовно метафизички и го оценуваат како навистина корисен за човечкото тело.“
Опишувајќи го постот, кој иако на различен начин, уште од времето на Адам па до ден денешен се спроведува кај верите низ светот и се смета за многу вредна посветеноста кон бога, Шентоп истакна: „Доаѓаме до крајот, се приближуваме. Алах на сите наши браќа, кои му се посветија, да им ги прифати постовите. Да го дочекаме празникот сите со здравје и во благосостојба, да дочекаме многу Рамазани, многу убави денови и ноќи исполенти со здравје и радост. Има клима на благосостојба што ја донесе Рамазанот. Тоа е нешто што го посакуваме за нашата нација, за исламскиот свет и за целото човештво. Се надевам дека изобилието и просперитетот на месецот Рамазан ќе бидат повод за мир и спокојство во целото човештво“.
news_share_descriptionsubscription_contact


