СКОПЈЕ (АА) - Меѓународниот Балкански Универзитет (МБУ) организираше ифтарска вечера во Скопје, со учество на бројни високи претставници од Турција и Северна Македонија, јавува Агенција Анадолија (АА).
На ифтарската вечера која се организираше во кампусот на МБУ, учествуваа претседателот на Големото народно собрание на Турција (ТБММ), Мустафа Шентоп, заменик претседателот на Владата на Северна Македонија, Бојан Маричиќ, амбасадорот на Турција во Скопје, Хасан Мехмет Секизќок, претседателот на управниот одбор на МБУ, Реџеп Сулејман Оздил, заменик претседателот на Собранието на Северна Македонија, Хусни Исмаили, пратеници од парламентите на Турција и Северна Македонија, политичари, дипломати, претставници од невладиниот сектор, како и други поканети гости.

Вицепремеирот Маричиќ, во своето обраќање на ифтарската вечера, нагласи дека месецот Рамазан е време кога човечките срца се собираат околу заедничките вредности, а тоа се вредностите на верата во Бога, вредности што им припаѓаат на сите, без разлика на религијата и нацијата.
„Ова е месец во кој преовладуваат пораките за мир, дијалог, љубов, за доброто на сите нас и на целото општество. Овој месец ја нагласува еднаквоста меѓу луѓето, солидарноста и емпатијата, но и создава уште подлабоко чувство на блискост и единство“, рече тој.
Маричиќ нагласи дека деновите на рамазанските пости се потсетник дека милосрдието, почитта, солидарноста, добрината, љубовта и простувањето се вредности кои треба да ги почитуваме и кои не обединуваат и сплотуваат како народ.
„Само заедно во духот на овие вредности можеме да изградиме подобра иднина. Затоа вечерва сум тука со нашите пријатели со кои делиме заедничко минато, а денес градиме и заедничка иднина што е доказ за почитувањето, негувањето и чувањето на традицијата“, истакна Маричиќ.
„Градењето на едно општество за сите, кое не само што ги прифаќа туку и ги негува различностите како богатство, е можност секој еден народ со својата култура и вера да придонесе во градењето на нашата земја и да покаже дека Северна Македонија им припаѓа на сите, дека сите заедно работиме да ја направиме уште подобро место за живеење. Во последната третина од султанот на сите месеци, ви посакувам деновите да ги поминете во посветеност кон господ, со добри дела и мисли, а во оваа посебна ноќ, Лејлетул кадр, ноќта на покајанието и простувањето, која е повредна од илјада месеци, нека ви бидат слушнати и исполнети молитвите. Дочекајте го и прославете го Рамазан бајрам во здравје и радост“, додаде Маричиќ.

Амбасадорот Секизќок рече дека во рамазан уште еднаш се открива важноста на негувањето на вредностите кои ја создаваат културата на соживот во овие краишта.
Според него, несаканите случувања во светот потсетуваат на вредноста на љубовта, братството и солидарноста.
„Во темелот на секое нешто стои љубовта кон човекот“, рече турскиот амбасадор.

Претседателот на управниот одбор на МБУ, Оздил, нагласи дека како универзитет, активностите ги започнале со цел да станат добар универзитет за истражување.
„Ќе работиме мобилизирајќи ги сите наши можности сѐ додека да ја постигнеме нашата цел да бидеме добар и почитуван универзитет со цел младите во нашиот регион да се стекнат со подобро образование“, нагласи Оздил.
Ректорот на МБУ, Мехмет Дурсун Ердем, истакна дека како универзитет се обидуваат да им служат на младите од балканскиот регион.
„Еден од нашите основни цели е да придонесеме во развојот и унапредувањето на регионот“, истакна ректорот Ердем.

news_share_descriptionsubscription_contact
