Ekip
26 Ноември 2019•Ажурирај: 27 Ноември 2019
ТИРАНА (АА) - Активностите за пребарување и спасување во областите погодени од денешниот земјотрес во Албанија продолжуваат во доцните часови, и покрај тешките услови и темнината во кои работат тимови за пребарување и спасување, јавува Агенција Анадолија (АА).
Денес, Албанија беше погодена од два силни земјотреси, со епицентар во Драч во 3:55 часот со јачина од 6,3 степени на длабочина од 10 километри и подоцна со јачина од 5 степени кај ’Ртот Родон.
До сега животот го загубија 23 лица, повеќе од 600 лица се повредени, а 41 се спасени од урнатините предизвикани од земјотресот.
По вториот земјотрес, забележани се и над 100 други помали потреси, а надлежните изјавија дека ситуацијата останува активна. Во Драч и другите градови во Албанија, граѓаните во паника ги напуштија своите домови и престојуваат на отворено.
Во различни области на Драч се подигнати шатори каде се сместени луѓе кои настрадаа од земјотресот.