Bojana Stojanovic
31 Март 2019•Ажурирај: 31 Март 2019
БЕЛГРАД (AA) - Вечерва во Белград седумнаесетта сабота по ред се одржа протестот против власта „Еден од пет милиони", јавува Anadolu Agency (AA).
Кај платото пред Филозофскиот факултет во Белград, актерот и членот на опозициската Демократска партија Бранислав Лечиќ ги повтори барањата на демонстрантите, а тоа се оставка на претседателот на Србија Александар Вучиќ, претседателката на Владата на Србија Ана Брнабиќ, претседателката на Собранието на Србија Маја Гојковиќ, како и оставка на раководството на Радио-телевизија на Србија (РТС) и смена на членовите на Регулаторното тело за електронски медиуми, но и создавање услови за фер и слободни избори во наредните шест до девет месеци.
„Во спротивно следува протест на 13 април во Белград", рече Лечиќ.
Еден од организаторите на протестот Миодраг Симовиќ кој е и уапсен во текот на упадот во зградата на РТС, рече дека граѓаните во последните четири месеци покажаа дека „Србија не може да се смири".
Потоа учесниците на протестите се упатија до РТС, каде влезот во зградата бил заграден со трака на која пишуваше „Започна".
Емитуван е „Дневник на слободна Србија" а граѓаните протестот го завршија пред Владата на Србија, каде е најавен следниот протест за сабота на 6 април.