Admir Fazlagic
15 Јуни 2020•Ажурирај: 16 Јуни 2020
СКОПЈЕ (АА) - Во кумановското село Ваксинце полицијата пронајде 51 мигрант, од кои 38 од Пакистан и 13 од Авганистан, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„На 14.6.2020 во с. Ваксинце, кумановско, од полициски службеници бил извршен претрес во домот на Т.Ќ. (59), при што биле пронајдени 51 мигрант, од кои 38 од Пакистан и 13 од Авганистан, меѓу кои имало и шест малолетни лица“, соопшти денес Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија.
Во соопштението се додава дека е известен јавен обвинител и дека се работи на расчистување на случајот.
Потсетуваме, во времето на бегалската криза во 2015 и 2016 година, Северна Македонија беше дел од таканаречената Балканска рута низ која поминуваа бегалците и мигрантите што доаѓаа од земјите на Блискиот Исток. Од март 2016 година, оваа рута официјално е затворена.
Според податоците на Регионалната иницијатива за миграција, азил и бегалци (МАРРИ), низ Балканската рута во 2015 и 2016 година поминале над 1,1 милион луѓе.