Furkan Abdula
21 Март 2022•Ажурирај: 22 Март 2022
СКОПЈЕ
Во изминатите 24 часа во Северна Македонија регистрирани се 64 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на пандемијата во земјата достигна 303.418, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Пријавени се 4 починати лица од Ковид-19, со што билансот на смртни случаи во земјата достигна 9.184.
Институтот за јавно здравје регистрира 296 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 292.344.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 1.890.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа реализирани се 965 тестирањa за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 1.938.935 тестирања.