Ekipa
19 Ноември 2020•Ажурирај: 20 Ноември 2020
СКОПЈЕ (АА) - Во Република Северна Македонија во последните 24 часа регистрирани се 1.198 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на дијагностицирани случаи со овој вирус во земјата достигна 51.213, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство соопшти дека од последици предизвикани од Ковид-19 во изминатото деноноќие починале 26 лица, со што вкупната бројка на смртни случаи во земјата од Ковид-19 се искачи на 1.423.
Денес, Институтот за јавно здравје регистрира 621 оздравен пациент од вирусот, додека вкупната бројка на оздравени лица од почетокот на епидемијата во земјата изнесува 30.204.
Бројот на активни случаи на Ковид-19 во Северна Македонија изнесува 19.586.
Досега во земјата реализирани се вкупно 303.281 тестирања за Ковид -19, од кои во последните 24 часа направени се 3.081 тестирања.