Bojana Stojanovic
19 Ноември 2020•Ажурирај: 20 Ноември 2020
САРАЕВО (АА) - Претседавач со Претседателството на Босна и Херцеговина (БиХ) од 20 ноември, според принципот на ротација, ќе биде членот на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Тој ќе претседава со Претседателството наредните осум месеци.
„Оваа ротација се одвива врз основа на член 5 став (2) б. од Уставот на Босна и Херцеговина, а во врска со член 5 став (2) од Деловникот за работа на Претседателството на БиХ“, се соопштува од Претседателството на БиХ.