Husamedin Gina
13 Октомври 2020•Ажурирај: 14 Октомври 2020
СКОПЈЕ
Во Северна Македонија во изминатите 24 часа регистрирани се 80 нови случаи на коронавирусот Ковид-19, со што вкупната бројка на дијагностицирани со овој вирус во земјата се искачи на 21.193, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство информира дека како последица на вирусот починале уште 3 лица, со што вкупната бројка на смртни случаи од вирусот во земјата се искачи на 800.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 97 оздравени пациенти од Ковид-19, а вкупната бројка на оздравени од овој вирус во државата изнесува 16.397.
Во моментот активни се 3.996 случаи на Ковид-19.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 680 тестирања за вирусот. Досега во земјата се направени вкупно 209.349 тестирања за Ковид-19.