Andelija Stojkovic
18 Ноември 2017•Ажурирај: 19 Ноември 2017
БЕЛГРАД (АА) - Српската напредна партија (СНС), која има стабилно мнозинство во парламентот и стабилна коалициска влада, денеска на Главниот одбор одлучуваше дали е потребно заедно со локалните избори за Собранието на град Белград да бидат распишани и предвремени парламентарни избори, по што е решено на пролет да има само локални избори, јавува Anadolu Agency (AA).
По седницата на Главниот одбор, на новинарите им се обрати членката на претседателството на СНС и претседателка на Собранието на Србија, Маја Гојковиќ, која изјави дека предлогот на претседателот на СНС, Александар Вучиќ на пролет да не се распишуваат вонредни парламентарни избори е поддржан со повеќе од 500 гласа, а против биле само четири члена на Главиот одбор.
„Со повеќе од 500 гласа и само 4 гласа против, Главниот одбор одлучи да излеземе исклучиво на избори за Собрание на градот”, рече Гојковиќ и додаде дека тоа е најдобра можна одлука која е во интерес на Србија, а нешто помала во интерес на СНС.
Српската напредна партија на парламентарните избори во 2016 година беше носител на коалицисакта изборна листа „Александар Вучиќ - Србија победува”, која во Собранието на Србија има апсолутно мнозинство со 131 мандат од 250 пратенички места. Само на СНС им припаѓаат 98 мандати.
СНС од изборите во 2012 година е во коалиција со Социјалистичката партија на Србија (СПС). СПС го подржа Александар Вучиќ како кандидат на претседателските избори во Србија и не излезе со свој кандидат, као што тоа го прави од враќањето на повеќепартискиот систем.