Ekip
09 Јуни 2020•Ажурирај: 09 Јуни 2020
СКОПЈЕ
Два автомобили се судрија во Скопје на булеварот „Никола Карев” познат како улица „Пластичарска”, јавува Агенција Анадолија (АА).
Сообраќајната незгода се случи во предвечерните часови, а на улицата е предизвикан сообраќаен метеж.
На местото на настанот пристигна возило на Брза помош.
За сега нема информација за повредени или починати лица во несреќата.
Повеќе детални информации за сообраќајната незгода се очекуваат од надлежните институции.