Medin Haliloviç
16 Јануари 2021•Ажурирај: 16 Јануари 2021
НОВИ ПАЗАР/СЕНИЦА (АА) - Најмалку три лица се убиени, а едно е повредено во пукотница што се случи денес во селото Расно (Сеница) на Пештерската Висорамнина.
„Припадниците на полицијата пронајдоа три безживотни тела во куќата, а едно повредено лице е транспортирано во болница“, потврдија за Агенција Анадолија (АА) од Полициската управа во Нови Пазар.
Како што е кажано, осомничениот за убиствата е во бегство и полицијата интензивно трага по него.
Според неофицијалните информации, во пукотницата, до која дошло во претпладневните часови, зетот од огнено оружје ја убил својата поранешна сопруга, нејзините татко и мајка и го ранил нејзиниот брат.
Тешко повредиот маж (35) е пренесен во Општата болница во Нови Пазар.