Davud Bihorac
05 Март 2023•Ажурирај: 06 Март 2023
НОВИ ПАЗАР (АА) - Во пожар што се случи во населбата Јалија во Нови Пазар, Србија, настрадаа четири деца. Пожарот, од засега неутврдени причини, избувнал утринава околу седум часот, јавува Анадолу.
МВР на Србија: Пожарот во Нови Пазар избувнал многу порано од дојавата
Припадниците на Противпожарната служба брзо ја локализираа огнената стихија, а во спалната соба пронајдени се безживотните тела на децата.
Со повреди се здобија родителите кои се наоѓаат во Општата болница во Нови Пазар.
Полицијата врши увид по што ќе бидат познати причините за пожарот.