Dzihat Aliju
05 Јуни 2018•Ажурирај: 06 Јуни 2018
ОХРИД (АА) - Турската Агенција за соработка и координација (ТИКА) и општина Охрид денес потпишаа протокол за соработка во врска со проектирање и изградба на нова образовна зграда на основното училиште „Братство-Единство“ во Охрид, јавува Anadolu Agency (AA).
Церемонијата се одржа во просториите на општина Охрид, на која присуствуваа претседателот на Одделот за Балкан и Источна Европа на ТИКА, Махмут Чевик, градоначалникот на општина Охрид, Јован Стојаноски, координаторот на ТИКА во Скопје, Ајтекин Ајден, како и други претставници.
Чевик, истакна дека ТИКА од 2005 година функционира во Македонија како резултат на потпишаниот протокол помеѓу двете влади, година од кога вложуваат напори да го поддржат развојот на Македонија во секоја област и во секој сектор.
Тој рече дека во овие рамки се реализирани проекти во различни области како образованието, здравството, инфраструктурата и развивање на институционалните капацитети, со вредност од 70 милиони евра.
Чевик истакна дека ТИКА во регионот има 11 претставништва, вклучувајќи ја и Македонија, и дека во регионот на Балканот и Источна Европа инвестирале околу 1 милијарда и 100 милиони евра, со цел развој на земјите од регионот.
Тој информираше дека во овие региони реализираат различни проекти, како што се изградба на училишта, проекти на реконструкција, како и проекти во областа на развивање на капацитетите на наставниците.
„Досега во Македонија реализиравме околу 37 проекти во областа на образованието. Покрај изградба на училишта, реконструкција, опремување, реализиравме 37 проекти во чии рамки вложивме напор за зголемување на образовните капацитети на околу 11.500 ученици. На Балканот и во Источна Европа реализиравме околу 800 проекти во областа на образовението, и даваме придонес за 200.000 ученици да добијат квалитетно образование“, додаде Чевик.
Чевик рече дека без разлика од етничка припадност, на еднаков начин нудат услуги за сите.
Од друга страна, градоначалникот на општина Охрид, Стојаноски, нагласи дека ќе имаат едно ново модерно училиште со сите предуслови и услови за работа во него, и дека се надева оти тоа е една голема инвестиција за нив како и за општина Охрид и за децата кои што учат во тоа училиште.
Во својство на градоначалник на Охрид, Стојаноски изрази благодарност до владата на Турција и ТИКА. Градоначалникот нагласи дека го потпишуваат протоколот, а понатаму следува договорот за соработка и ќе преминат кон проектирање и градежни работи на новата зграда.
„Според сите податоци што ги имаме 1980-та година е последното училиште кое што е реновиран на нашата територија, од тогаш после 38 години имаме среќа и задоволство да повторно имаме нова училишна зграда. Тоа е основно училиште кое што за среќа наша го отсликува мултиетничкиот и мултирелигиозниот карактер на нашата општина Охрид и тоа претставува уште еден благодат повеќе во ова ситуација“, додаде Стојаноски.
Координаторот на ТИКА во Скопје, Ајден, истакна дека новото училиште ќе се гради на површина од 5.845 метри квадратни.
Ајден информираше дека делот од 738 метри квадратни на ова училиште ќе биде наменет за спортската сала, и дека училиштето ќе има 29 училници, од кои 2 ќе бидат за специјални обуки, и 2 за предучилишно образование.
Изградбата на ова училиште е предвидено да започне во наредната академска година.