Stipe Majic
15 Октомври 2020•Ажурирај: 16 Октомври 2020
ЗАГРЕБ
Главниот штаб за цивилна заштита на Република Хрватска извести дека во последните 24 часа се забележани 793 нови случаи на заразување со Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).
Бројот на активни случаи во Хрватска денеска вкупно изнесува 3.562.
Меѓу нив се наоѓаат 439 пациенти на болничко лекување, од кои 26 пациенти се на респиратор. Починаа 10 лица.
„Од 25 февруари 2020 година, кога е регистриран првиот случај на Ковид-19 во Хрватска, до денеска евидентирани се вкупно 22.534 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 344 починаа, вкупно 18.628 се излекуваа, од кои 431 лице во последните 24 часа“, се наведува од Штабот.
Во самоизолација моментално се наоѓаат 17.805 лица.
До денеска тестирани се 379.379 лица, од кои 6.696 во изминатите 24 часа.