Vesna Besic
06 Јули 2020•Ажурирај: 06 Јули 2020
ЗАГРЕБ (АА) - Во изминатите 24 часа регистрирани се 69 нови случаи на вирусот SARS-CoV-2, а бројот на моментално заразени (активни случаи) во Хрватска денес е вкупно 897, јавува Агенција Анадолија (AA).
Од Штабот на цивилната заштита на Хрватска наведуваат дека од заразените 90 пациенти се на болничко лекување, од кои пет се приклучени на респиратор. Починати нема.
Од 25 февруари годинава, кога е забележан првиот случај на Ковид-19 во Хрватска, до денес евидентирани се вкупно 3.220 лица заразени со новиот тип коронавирус, од кои 113 починаа, а 2.210 се излекуваа.
Во самоизолација моментално се 4.850 лица. До денес во Хрватска тестирани се вкупно 85.997 лица, од кои 587 во последните 24 часа.