Bojana Stojanovic
06 Јули 2020•Ажурирај: 06 Јули 2020
БЕЛГРАД (АА) - Во Србија од коронавирусот Ковид-19 во изминатите 24 часа починаа уште шест лица, а дијагностицирани се уште 289 лица, јавува Агенција Анадолија (AA).
Моментално во земјата има 2.737 активни случаи, додека од почетокот на епидемијата регистрирани се вкупно 16.420 случаи на Ковид-19.
Од вчера, тестирани се 7.872 лица, од кои 289 се позитивни на коронавирусот. Процентот на смртност е 1,93 отсто.
На респиратори се 93 пациенти.
Од почетокот на епидемијата во Србија за Ковид-19 се тестирани 447.317 граѓани.