Samir Kajoševic
14 Мај 2020•Ажурирај: 14 Мај 2020
ПОДГОРИЦА (АА) - Протести за приведувањето на свештеникот на Српската православна црква се одржаа вечерва во повеќе градови низ Црна Гора, јавува Агенција Анадолија (AA).
Полицијата со солзавец ги растера насобраните граѓани во Плевља и Никшиќ, а за време на судирот полицајците од толпата луѓе беа гаѓани со камења. Собраните граѓани извикуваа „Нема го даваме владиката“ и „Не ги даваме светите места“ и побараа да се пушти од притвор епископот Будимљанско-никшички, Јоаникије.
На епископот Будимљанско-никшички, Јоаникије, му беше одредено задржување во притвор до 72 часа заради литијата во градот, каде што вчера се собраа повеќе илјади граѓани, одржана и покрај забраната за јавни собири.
Протестни собири се одржаа и во Подгорица, Беране и Будва со зголемено полициско присуство. Демонстрантите во Подгорица се собраа пред храмот Христово Воскресение и бараа ослободување на свештеникот, но немаше никакви инциденти.
Претходно денес, во соборниот храм Свети Василије Острошки во Никшиќ се одржа молебен за притворениот епископ и свештениците.