Zylfije Adem Jakupi
13 Мај 2020•Ажурирај: 13 Мај 2020
ПРИШТИНА (АА) - Националниот институт за јавно здравје на Косово соопшти дека се регистрирани осум новозаразени лица со коронавирусот Ковид-19, со што вкупниот број на заразени порасна на 927, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Во последните 24 часа тестирани се вкупно 255 примероци земени од Клиниката за инфективни болести и од терен, од кои 8 се позитивни. Позитивните случаи се случаи на контакти на веќе заразените лица.
Од 8 февруари, кога започна тестирањето за коронавирусот во Косово, до сега тестирани се 10.642 сомнителни примероци.
Вкупниот број на заразени е 927, со 29 смртни случаи, а досега се опоравени вкупно 671 пациент.