Vesna Besiç
27 Април 2016•Ажурирај: 27 Април 2016
ЗАГРЕБ (AA) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган во обраќањето на Хрватско-турскиот бизнис форум во Загреб рече дека Хрватска и Турција имаат добра економска соработк, но дека сеуште има потенцијал за нејзино јакнење, јавува Anadolu Agency (AA).
Повтори дека целта е зголемување на обиемот на стоковата размена на милијарда долари и најави интензивирање на соработката на двете земји на највисоко ниво, за да тоа биде реализирано.
Ердоган напомена дека во Хрватска треба да се намалат бирократските бариери кои неретко можат да бидат пречка на инвеститорите.
"Ќе бидеме соучесници во обезбедување на благосостојбата на нашите народи. Стопанствениците ќе имаат прилика подобро да се запознаат и да соработуваат поинтензивно. Уверен сум дека ќе ги зајакнеме напорите во тој правец. Хрватска ни овозможува единствена прилика за инвестирање во средна и југоисточна Европа со голед на своите високообразовни човечки ресурси", рече Ердоган.
Потсетувајќи дека од неговата последна посета на Хрватска помина десет години, а тогаш во Загреб престојуваше во својство на премиер, турскиот претседател рече дека "по десет години јасно се гледа дека и Хрватска и Турција со сериозни чекори се движат кон иднината." Ердоган напомена дека во Загреб денес живеат голем број на турски бизнисмени.
"Хрватска е еден од најважните центри во југоисточна Европа и верувам дека таа како таква ќе ги оствари своите цели. Во 2008 година започна финансиската криза која ги погоди сите европски земји, помеѓу нив и Хрватска. Со оглед на тоа, хрватското стопанство од 2015 повторно покажува знаци на развој. Ние како Турција благодарејќи на нашето искуство на Хрватска можеме да ѝ бидеме пример", појасни Ердоган
Тој рече дека секоја земја повремено наидува на одредени кризи.
"И Турција во минатото имаше многу поголеми проблеми, но благодарејќи на структурните реформи, кои ги остваривме ние ги надминавме тие проблеми. Со вложување во инфраструктурата и другите напори ние во тоа успеаавме благодарејќи на приватниот сектор. Кога дојдов на власт имавме повеќе државна економија, сакавме да го намалиме државниот а да го зајакнеме приватниот сектор. Државниот сектор се повлекуваше од стопанството и со тоа го поттикнавме развојот. Тоа е важно. Турција ја оживеа најголемата приватизација во историјата и тоа е нашиот надеж и успевме во своите настојувања" , рече турскиот претседател.
Форумот, кој го организираа Хрватската стопанска комора (ХСК) и турскиот Одбор за меѓународна стопанска соработка (ДИЕК) собра стотина најуспешни хрватски и турски бизнисмени.