Ayhan Şimşek
18 Јули 2018•Ажурирај: 19 Јули 2018
БЕРЛИН (АА) - Европската Унија (ЕУ), Русија и Украина се согласија да ги продолжат трилатералните преговори за Договорот за транизт на гас од Русија до ЕУ преку Украина, велат официјални претставници, јавува Anadolu Agency (AA).
Зборувајќи на прес-коференцијата во Берлин, заменик-претседателот на Европската комисија, Марош Шефчович, изјави дека имал многу успешен состанок со рускиот министер за енергетика, Аександер Новак и со украинскиот министер за надворешни работи, Павло Климкин.
„Задоволство ми е да објавам дека денес успеавме да воспоставиме трилатерален процес со Русија и Украина“, истакна тој, додавајќи дека експерти на високо ниво од сите страни ќе се состанат во средината на септември за да разговараат за главните прашања.
„Ова ќе подготви основа за следниот трилатерален состанок на политичко ниво што треба да се одржи во текот на октомври“, додаде Шефчович.
ЕУ се обидува да издејствува договор меѓу Украина и Русија за да осигури безбеден транзит на рускиот гас во Европа преку Украина.
Моменталниот договор меѓу Русија и Украина ќе истече на 31 декември 2019 година.