Gökhan Kavak
27 Јули 2018•Ажурирај: 27 Јули 2018
ЈОХАНЕСБУРГ (АА) - Вториот ден од 10. Самит на земјите членки на БРИКС во Јоханесбург е усвоена заклучната декларација со која е пружена силна поддршка на транспарентниот и мултилатерален трговски систем, и е упатен апел за ставање крај на вооружените судири кои се водат во различни делови на светот, вклучувајќи го и Блискиот Исток и Северна Африка, јавува Anadolu Agency (AA).
„Не би требало да се одложува решавањето на судирите кои траат со години, особено палестинско-израелскиот судир. Прашањето за Ерусалим мора да се решава преку преговори меѓу Израел и Палестина“, се наведува во декларацијата.
Учесниците на самитот исто така пружија силна поддршка, како што порачаа, на транспарентните и мултилатерални трговски односи.
„Ја поддржуваме транспарентната и мултилатерална трговија во рамките на правилата на Светската трговска организација (WTO)“, се наведува во заедничката декларација.
Нагласено е и дека во последно време мултилатералниот трговски систем се соочува со голем број предизвици.
„Свесни сме дека мултилатералниот трговски систем се соочува со предизвици без преседан, и во оваа пригода сакаме да ја истакнеме важноста на транспарентната трговија на глобално ниво“, се додава.
Министрите за енергетика на земјите од БРИКС се согласија дека членовите на оваа меѓудржавна организација треба да воспостават заедничка Платформа за истражување во областа на енергетиката.
Членките на БРИКС, исто така, ветија дека ќе обезбедат целосна поддршка на Организацијата на ОН за помош на палестинските бегалци (UNRWA).
Во главниот јужноафрикански град Јоханесбург вчера со дискусија за сè посилните меѓународни трговски војни е отворен 10. Самит на земјите членки на БРИКС.
Самитот ќе заврши утре со средби на министрите на земјите членки на БРИКС во рамките на панелот за Африка и другите региони.
БРИКС е унија на земји со брза растечка економија која се состои од Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафриканската Република.
Оваа година на самитот како гости се поканети турскиот претседател Ердоган и лидерите на неколку африкански земји.
Инаку, членките не групата БРИКС претставуваат повеќе од 40 отсто од светската популација.