Tutku Şenen
14 Јануари 2016•Ажурирај: 16 Јануари 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Добитното лото ливче за рекордната награда од 1,5 милијарди долари е купено во Лос Анџелес, Калифорнија, потврди Државната лотарија, јавува Anadolu Agency (АА).
Од лотаријата во Калифорнија на социјалната мрежа Твитер, во четвртокот објавија дека добитното ливче беше продадено во Чино Хилс, предградие во Лос Анџелес. Идентитетот на новиот богаташ се уште не е познат.
На добитникот ќе му бидат исплатени 930 милиони долари ако се одлучи на готовина наместо на годишни исплати во текот на следните 29 години.
Претставниците од Лотаријата објавија дека милион долари ќе му бидат доделени на супермаркетот каде што е купен билетот. Победничките броеви беа 4, 8, 19, 27, 34 и павербол бројот 10.