Cebrail Caymaz
15 Август 2019•Ажурирај: 19 Август 2019
ШАНЛИУРФА (АА) - ЏЕБРАИЛ ЏАЈМАЗ -
Десетгодишниот Мухамед Беко, кој заедно со семејството избегале од граѓанската војна во Сирија и се засолниле во областа Суруч во Шанлиурфа, Турција, стигна до протетичката рака за која мечтаеше.
Мухамед, заедно со семејството пред четири години од градот Алепо во Сирија дошол во Турција. Тој се родил без лева рака. Неговиот сон да стигне до протетичка рака за првпат е пренесена преку Anadolu Agency (AA). Веднаш потоа Фондацијата за социјална помош и солидарност во Суруч ја започнала иницијативата за да се обезбеди протетичка рака за Мухамед.
Мухамед Беко, преку Центарот за протетика со висока технологија, формиран за лекување на пациентите кои имаат потреба од ортопедска протеза поради воени повреди, доби своја протетичка рака. Центарот е формиран од страна на турската хуманитарна Фондација за човекови права, слободи и хуманитарна помош ИХХ, здружението „Бејт-ул Зекат“, со седиште во Кувајт и Меѓународното здружение на лекари.
Директорот на Фондацијата за социјална помош и солидарност во Суруч, Мехмет Коч, во изјавата за АА рече дека се многу среќни што присуствувале на моментот кога Мухамед ја добил протетичката рака и дека се заблагодарува на сите што дале поддршка.
Коч, истакнувајќи дека за ситуацијата на 10-годишниот Мухамед дознале преку Anadolu Agency (AA), рече дека веднаш ја започнале процедурата и дека како фондација помагаат на секого, без да прават каква било разлика.

Коч нагласи дека покрај на луѓето од регионот, ќе помагаат и на лицата кои доаѓаат од Сирија.
„Нашиот брат Мухамед Беко веќе има протетичка рака. Таа рака секако нема да биде како оригиналната, но сепак е утеха. Им благодарам на Меѓународното здружение на лекари, кувајтската организација „Бејт-ул Зекат“ и на сите кои помогнаа.“
- „Ќе можам сам да ги исполнувам моите потреби“ -
Мухамед Беко, кој ја доби протетичката рака за која сонуваше, рече дека е многу среќен затоа што по долги години може да ја користи и својата втора рака.
„Им благодарам на сите што ми помогнаа. Среќен сум што ја имам протетичката рака, тоа беше мојот сон, и покрај тоа што не е вистинска. Сега ќе можам сам да ги исполнувам моите потреби. Многу сакам да возам велосипед. Отсега ќе можам полесно да возам велосипед и да си играм“, рече Мухамед.