Aida Cako
12 Мај 2025•Ажурирај: 21 Мај 2025
СКОПЈЕ (АА) - Психолошките последици од воените напади врз Појасот Газа сè повеќе се одразуваат врз менталното и физичкото здравје на палестинските деца, јавува Анадолу.
Десетгодишната Лана ал-Шариф од Кан Јунис развила кожно заболување витилиго, предизвикано од силниот стрес, страв и постојаната анксиозност.
Секојдневните воздушни напади и нестабилната безбедносна состојба во енклавата оставија длабоки траги кај најмладите.
Детската психа, изложена на трауми, го манифестира стресот преку различни симптоми – од анксиозни и депресивни нарушувања, до кожни заболувања и хронични здравствени состојби.
Со ограничен пристап до здравствени услуги и терапија, голем дел од децата во Газа се оставени сами да се соочуваат со стравот, губењето и несигурноста, што ги прави уште поподложни на заболувања поврзани со стрес.