Ekipa
20 Април 2017•Ажурирај: 21 Април 2017
ЧЕНГДУ (АА) - Со цел да се нагласи потребата за заштита на загрозените видови животни, на централниот плоштад во југозападниот кинески град Ченгду беше поставена голема биста на панда, која уште првиот ден стана голема атракција за домашните и за странските туристи, јавува Anadolu Agency (AA).
Скулптурата на пандата висока 15 метри беше поставена на централниот плоштад, пред зградата International Finance Square (IFS).
Изложената биста на пандата веќе доби и име „Јас сум тука“, а дизајнирана е од страна на Лоренс Aргент.
Градската администрација на тој начин сака да потсети на важноста на зачувувањето и заштитата на загрозените видови, особено на пандите.
Ченгду е еден од најважните економски и комуникациски центри во западниот дел на Кина и е еден од десетте кинески градови најатрактивни за странски инвестиции.