Safvan Allahverdi
29 Август 2020•Ажурирај: 30 Август 2020
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот актер Чадвик Босман, кој ја играше главната улога во филмот „Црн пантер“, почина на 41-годишна возраст од рак на дебелото црево, јавува Агенција Анадолија (AA).
На Босеман, кој остана запаметен по улогата на кралот Т'Чал од 2018 година, му беше дијагностициран рак во 2016 година од кој се лекуваше четири години.
„Исклучително ни е жал што сме во ситуација да ве известиме за смртта на Босман. Му беше негова животна чест да го игра кралот Т'Чал во филмот „Црн пантер“, беше наведено во соопштението на профилот на Босман на една од социјалните мрежи.
Продуцентката Ники Фиораванте, која даде изјава за американските медиуми во врска со смртта на Босман, рече дека болеста на Босман, кој живееше во Лос Анџелес, веќе некое време достигнала четврт стадиум и дека последните мигови ги поминал со своето семејство.
„Црниот Пантер“ е американски научно-фантастичен филм од 2018 година во режија на Рајан Куглер, што е осумнаесетто продолжение во серијалот филмови од Марвеловиот филмски универзум.
Буџетот на филмот изнесуваше 200 милиони долари, а заработката од филмот беше 1,347 милијарди долари.
Филмот на доделувањето на Оскарите во 2019 година беше награден во категориите „Најдобра оригинална музика“, „Најдобар костимографски дизајн“ и „Најдобар продукциски дизајн“.