Ekipa
12 Март 2020•Ажурирај: 13 Март 2020
БОГОТА (АА) - Стравот од ширењето на коронавирусот Ковид-19 во светот придонесе многу луѓе самостојно да изнајдат начини за да се заштитат од болеста, пишува Агенција Анадолија (AA).
Бидејќи маските се сметаат за најчесто користената прва превентивна мерка, учениците во едно училиште во градот Соача во Колумбија изработуваат импровизирани маски со кои посетуваат настава.
Луѓето во Колумбија се загрижени од неможноста да обезбедат маски, бидејќи нивното количество значително се намали со појавата на вирусот.
Во Колумбија досега се регистрирани 9 случаи со коронавирусот.
Коронавирусот, официјално познат како Ковид-19, за првпат беше откриен минатиот декември во Вухан, Кина, но оттогаш се прошири во над 114 земји.
Поради тоа, Светската здравствена организација (СЗО) прогласи глобална пандемија.